Усвоен буџетот на Општина Охрид за 2015–та година

Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески предлог буџетот за 2015 година ги одразува реалните состојби во општина Охрид ако се земе во предвид она што значи задолжување и обврска на општина Охрид да ги сервисира долговите кон сите доверители на кои општината им должи. Сепак буџетот за 2015-та година овозможува развој онака како што е проектиран по структура на расходи односно приходи. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески предлог буџетот за 2015 година ги одразува реалните состојби во општина Охрид ако се земе во предвид она што значи задолжување и обврска на општина Охрид да ги сервисира долговите кон сите доверители на кои општината им должи. Сепак буџетот за 2015-та година овозможува развој онака како што е проектиран по структура на расходи односно приходи.

„Ова особено го потенцирам затоа што не враќањето на долговите носи одговорност на сите оние кои што работат во општина Охрид за пораст на долговите по основ на камати. Ние не можеме да ги гледаме долговите какао една статичка категорија која што стои во место и не се менува. Јас неколку пати сум напоменал дека само по основ на камати општинскиот долг се зголемувал за нешто повеќе од 14 000 евра. И доколку во предлог на буџетите кои што следуваат во наредните години не се предвиди стратегија за репрограмирање и за враќање на долговите, тие долгови по основ на камати постојано ќе растат. Ние не можеме да дозволиме ситуација во која што ќе бидеме комфорни односно не би се грижеле колкави се долговите без разлика колку ќе растат поради камати и ќе усвојуваме програми врз основа на кои што само ќе трошиме а нема да враќаме долгови . Тоа би значело дека и понатака свесно ќе го загрозуваме функционирањето на општина Охрид и градот а тоа нема да го дозволиме. Сите знаеме дека граѓаните на Охрид и во овој момент ги чувствуваат последиците поради долговите кои ги наследивме“, истакна градоначалникот и потенцира дека буџетот овозможува развој онака како што е проектиран по структура на расходи односно приходи.

„Ние во овој буџет генерално гледано направивме баланс помеѓу она што ние како обврска мора да го плаќаме на оние доверители на кои општина Охрид му должи и она што ние го имаме зацртано како програми кои треба да се реализираат во текот на 2015-та година“, рече градоначалникот Бакрачески.

„Ова особено го потенцирам затоа што не враќањето на долговите носи одговорност на сите оние кои што работат во општина Охрид за пораст на долговите по основ на камати. Ние не можеме да ги гледаме долговите какао една статичка категорија која што стои во место и не се менува. Јас неколку пати сум напоменал дека само по основ на камати општинскиот долг се зголемувал за нешто повеќе од 14 000 евра. И доколку во предлог на буџетите кои што следуваат во наредните години не се предвиди стратегија за репрограмирање и за враќање на долговите, тие долгови по основ на камати постојано ќе растат. Ние не можеме да дозволиме ситуација во која што ќе бидеме комфорни односно не би се грижеле колкави се долговите без разлика колку ќе растат поради камати и ќе усвојуваме програми врз основа на кои што само ќе трошиме а нема да враќаме долгови . Тоа би значело дека и понатака свесно ќе го загрозуваме функционирањето на општина Охрид и градот а тоа нема да го дозволиме. Сите знаеме дека граѓаните на Охрид и во овој момент ги чувствуваат последиците поради долговите кои ги наследивме, истакна градоначалникот и потенцира дека буџетот овозможува развој онака како што е проектиран по структура на расходи односно приходи.

Ние во овој буџет генерално гледано направивме баланс помеѓу она што ние како обврска мора да го плаќаме на оние доверители на кои општина Охрид му должи и она што ние го имаме зацртано како програми кои треба да се реализираат во текот на 2015-та година“, рече градоначалникот Бакрачески.