Благодарници на шестмина граѓани за нивното правовремено јавување на “192“

При денешната посета на Центарот за информации и команди при СВР Скопје, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска им врачи благодарници на шестмина граѓани коишто во текот на минатата година помогнале во расчистување на разни кривични дела со нивно благовремено јавување на телефонскиот број 192.

Станува збор за пријави на “192“ после кои со благовремено и брзо интервенирање на полициските служби спречени или расчистени се настани, односно кривични дела од разни области.

Така во првиот случај на 27.07.2014 год во 19,47 часот преку бројот 192 пријавено е дека НН машко лице на локација некаде кај “Југодрво“ од НН женско лице окако ја турнал и го земал паричникот со трчање се упатил кон транспортен центар каде се качил во такси возило марка ПМВ Рено. По кратко време благодарение на точните податоци пронајдено е ПМВ заедно со лицето од дадениот опис и при прегледот кај истиот е пронајден паричникот од нападнатот женско лице. Потоа на 18.04.2014 година во 16,38 часот на “192“ е пријавено дека неколку лица туркаат едно ПМВ со скопски регистарски таблички. По пријавата испратени се служби на посочената локација пронаједно е возилото како и лицата истите се приведени во ПС Кисела Вода, каде што е констатирано дека возилото било истиот ден било одземено од ул. “Милан Марковиќ“.

Во третиот случај на 31.07.2014 година во 20,55 час пријавено е дека група од 5-6 НН лица физички нападнале друго НН лице и се ушто го тепале. Со испраќање на службите на посочената локација кои стигнале за многу кратко време затекнати се нарушителите на лице место а нападнатото лице е медицински загрижено. Потоа на 25.08.2014 година во 09,20 часот пријавено е дека на локација во близина на реката Вардар имало НН женско лице кое имало намера да си го одземе живото со давење. Одма по добиената пријава испратени се служби од ПС Ѓорче Петров при што од нивна страна беше затекнато женското лице и откако комуникациите, односно бидите за смирување биле залудни, за да се одварати лицето од намерата да си го одземе животот, тогаш едниот од УПС влегол во водите на Вардар и пред женското лицето да биде однесено од брзаците на реката успеал да ја фати и да ја извлече до брегот. Исто така на 25.08.2014 година во 05,48 час пријавено е дека машко дете на возраст од околу седум години облечено во тренерки со ранец на грбот се движело по пругата од Драчево према Долно Лисиче. По добиената пријава упатени се служби од ПС Драчево и ПС Аеродорм за да го пронајдат детео пред да помине возот, а напоредно контакирани беа служби во МЖ за да бидата запознати со систуацијата, односно дека има заталкано дете на посочената железничка траса. Детето набргу кај месноста Чатал е пронајдено и вратено кај родителите.

Покрај ова во август 2013 година токму на пријава на граѓанин од Македонски Брод, по препознавање на фотографија на исчезнато дете во средствата за јавно информирање беа подготвени и преземени оперативни мерки за пронаоѓање на детето. По кратко време оперативно се добиени информации за марка на возило, регистарски таблички и правецот према каде се движи односно правецот од Гостивар према Маврово, по што беа контактирани службите од Маврово и од нив беше побарано да се постават на локалниот пат кај детското одморалиште Бунец и да го сопрат возилото и да извршат проверка на лицата во возилот односно дали се работи за бараната малолетничка. Набрзо добиена е потврда дека се работи за тоа лице и дека е со нејзината баба по што истите биле задржани во ПС Маврово.