Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, Новата 2015-та Година ја дочека на градскиот плоштад „Св. Климент- Охридски“.
На бројните сограѓани и гости кои и на минус 14 степени прославуваа на плоштадот, градоначалникот Бакрачески им посака добро здравје, среќа и успеси во секоја сфера од животот.
За забавата на охридскиот плоштад, која траеше до раните утрински часови се погрижија групата „Камелеон“ , Петар Нечоски и Владо Јаневски. Точно на полноќ, на задоволство на присутните имаше и спектакуларен огномет.