Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи поднесоа кривични пријави против четири лица: К.К. (66), Г.С. (29) двајцата грчки државјани, М.В. (34), српски државјанин и И.А. (39) од село Лојане заради постоење сомневање за сторено кривично дело – “криумчарење мигранти“, по член 418-б став 2 од КЗ на Република Македонија. Притоа откриени се 24 илегални мигранти, од кои деветмина од Сирија и 15 од Авганистан. На пријавените Судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена (на К.К., М.В. i И.А.), односно во траење од осум дена (на Г.С.).
Во првиот случај К.К. (66) од Катерини, Р Грција, на автопатот Куманово – ГП Табановце, поточно на м.в. клучка „НАТО“ во правец на с. Лојане од страна на Мобилната екипа за прекуграничен криминал било сопрен со ПМВ марка „BMW“ со грчка национална ознака управувано и сопственост на К.К. при што во возилото биле пронајдени тројца илегални мигранти, државјани на Р. Авганистан, без документи за идентификација.
Во вторио случај од страна на УПС од ПС за БПСА Демир Капија кај тунелите кај Д.Капија во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на ПМВ марка “Пежо 206“ со српски регистарски ознаки управувано од лицето М.В. (34) од Ниш-Р.Србија, во возилото се откриени четири лица илегални мигранти од Сирија.
Потоа во третиот случај од страна на УПС од ПС за БПСА Демир Капија кај наплатната рампа кај Градско, во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на ПМВ, марка “Голф“ со грчки регистарски ознаки управувано од лицето Г.С. (29) од Солун Р. Грција, во возилото се откриени пет лица илегални мигранти сите од Сирија.
И во чевртиот случај на влез во с.Речица – Куманово, при контрола на ПМВ “Фолксваген Шаран“ со кумановски регистарски таблички управувано од И.А. (39) од с.Лојане, откриени се 12 лица мигранти од Авганистан.