Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид: Спектактуларно шоу на балканската дива

Откако ги наполни сите познати светски магазини и портали, најозборуваната српска пејачка викендов ќе ја подгрее и онака жешката атмосфера во Македонија. Карлеуша за првпат доаѓа во Охрид каде што утре петок (24.07) ќе одржи целовечерен концерт во дискотеката „Калео“ која важи за една од најголемите дискотеки во Македонија.

Позната по својот ексцентричен стил таа најверојатно во Охрид ќе долета со приватен авион, а нејзиниот настап ќе биде вистинско шоу какво што само таа знае да направи: провокативни точки, секси костуми, „флерт“ со публиката. Заедно со Јелена доаѓа тимот кој се грижи за неа, како и неколку атрактивни танчерки и танчери, а за секоја песна пејачката има подготвено специјални визуелни ефекти и кореографија.

По концертот популарната Карлеуша ќе остане во нашиот езерски бисер, а туристите ќе имаат можност одблиску да се восхитуваат на заносните облини на најзгодната балканска блондинка. Со оглед на тоа што после 15 години ова и е прв настап во Македонија, интересот е огромен, а картите во претпродажба се по симболична цена од 300 денари и можат да се набават на градскиот плоштад во Охрид. На врата влезот ќе чини 500 денари.

JelenaKarleusa2