Со свечена приредба подготвена од учениците и нивните наставнци, денес во Основното училиште „Св.Наум Охридски“, во Пештани се одбележа патрониот празник на училиштето.
Беше извршено и осветување на фреската на Св. Наум, насликана од професорот по ликовно образование, Александар Патчев.
На осветувањето чиноначалствуваше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.
WebOhrid/фото: Александар Гугоски