Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2014 година, во споредба со ноември 2014 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.4%.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.8%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, е намален за 0.6%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.5%.