Најмладите коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус

Рано утрово, најмладите коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Се посетува секој дом, се тропка со чеканче и се пее традиционалната коледарска песна:

 „Коледе, леде!

паднало греде,

утепало деде.

Дедо се мачи,

баба го квачи,

со четири јајца

гускини, паткини, шаткини!

О. О. коледе!“

Откако ќе ја испеат песната, домаќините на коледарчињата им даваат костени, јаболка, ореви, бонбони и пари.

Бадник е празник кој традиционално се прославува во кругот на семејството. Освен коледарчињата, денешниот ден го означува и кршењето на лепче со паричка. Се верува дека тој што ќе ја најде паричката, таа година ќе има најмногу среќа.

Koledarcinja2015

Честит Бадник, За многу години!

WebOhrid