Распоред на богослужби за Божиќните празници во Охрид

По повод Рождеството Христово- Божиќ, утре (среда), 7-ми јануари ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во цркавта „Свети Ѓорѓија“- Охрид со почеток во 8:45 часот.

Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема  да има богослужба тој ден.

На 8-ми јануари (четврток), Собор на Пресвета Богородица- втор ден Божик, света архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица“, – Челница, со почеток во 8:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

На 9-ти јануари(петок)- Свети Стефан, трет ден Божик, Света  литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

Света литургија ќе има во манастирот „Свети Стефан“-Охрид , со почеток во 8:30 часот. Света литургија за Варош ќе има во цркавта „Свети Врачи Козма и Дамјан“, со почеток во 8:30 часот.

Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.

WebOhrid