Согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти и вчера (06.01.) од страна на припадници на СВР Скопје, во содејство со инспекциски екипи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат на подрачје на СВР Скопје извршија контроли во вкупно 11 правни лица – угостителски објекти.
Притоа во три угостителски објекти не беа регистрирани никакви неправилности: угостителски објект на “ЕДЕКА-МУШЕ ДОО“ лоциран во ТЦ ТРЕСКА на ул. “2-ра Македонска Бригада“; ДПУ “ТИМ ТРЕЈД – ГАЏА БАР“ лоциран на ул. “Казанџиска“; и угостителски објект на “РР ТРЕЈД ДОО“ Скопје – КЛИК БАР лоциран на ул. “Казанџиска“. Додека пак, во угостителски објект ФИДАН не беше извршена контрола, бидејки објектот бил затворен.
Во другите контролирани угостителски објекти констатирано е следното: Во ДППУ “ЕУ-БУ-РОЈА ДООЕЛ“ -подружница Кафе бар БАРОН Скопје лоциран на ул. “2-ра Македонска Бригада“ при извршената контрола од страна на ДПИ се утврдени неправилности, односно затечено едно лице како пуши во објектот, за што е издаден платен налог и изречена глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното и одговорното лице, а од страна на униформираните полициски службеници издаден е платен налог за едно физичко лице за сторен прекршок од Законот за заштита од пушење и изречена глоба од 150 евра. Од УЈП, пак, беше евидентиран нерегистриран промет преку фискален апарат, за што е изречена глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице како и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена.
Во угостителскиот објект на “УБЕЈД КОМЕРЦ ДООЕЛ“ Пица ресторан БУРГЕР-9 лоциран во ТЦ ТРЕСКА при извршената контрола од страна на УЈП беше констатирано нерегистрирање на готовински промет преку фискален апарат за што беше изречена глоба во износ од 3.250 евра, додека од страна на ДПИ изречена е глоба од 500 евра за нерегистрирана дејност како и Забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена.
Во угостителски објект на “Н.Ј.А КОМПАНИ ДООЕЛ“ подружница ДОБРА СРЕДБА лоциран на ул. “2-ра Македонска Бригада“ од страна на УЈП не беа констатирани неправилности, додека од ДПИ констатирано е дека не поседува норматив за храна за што е изречено глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице.
Во угостителски објект со натпис ФУГА лоциран на ул. “Тале Христов“ при извршената контрола констатирано е дека се обавува дејност без регистрација во трговскиот регистар за што од страна на УЈП изречена е глоба на физичкото лице од 750 евра, а од Пазарна инспекција изречена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност како и забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена.
Во угостителски објект со натпис BLACK and WHITE лоциран на ул. “Стив Наумов“ констатирано е исто така обавуванње дејност без регистрација во трговскиот регистар за што се изречени глоби на физичкото лице во износ од 500 евра за физицкото лице и 750 евра во денарска противвредност од страна на УЈП како и забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена.
Во “ФРЕШ СФ 2014 ДООЕЛ“ лоциран на ул. “Антон Попов“ при извршената контрола од страна на УЈП беше констатиран нерегистриран промет, за што е изречена глоба од 3.250 евра во денарска противвредност за правното и одговорното лице, како и Решение за забрана на вршење на дејност во времетраење од 30 дена, додека од страна на ДПИ беше констатирано неиздавање фискални сметки, за што е изречена глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за правното и одговорното лице во правното лице.
Во угостителски објект СИТИ КАФЕ лоциран на ул. “Методија Андонов Ченто“ од страна на УЈП беше констатирано дека локалот е нерегистриран даночен обврзник, за што е изречена глоба на физичкото лице во износ од 750 евра во денарска противвредност и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена, додека од страна на ДПИ констатирано е дека се обавува дејност без да е регистриран, за што е изречена глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност и 30 дена забрана за вршење на дејност. Исто така и од страна на УПС издаден е налог за плаќање на глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност на едно физичко лице за неносење на лична карта.
Инаку, во изминативе пет дена вкупно беа контролирани 76 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 28 угостителски објект од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од над 71.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење им се изречени и на десетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби. Покрај ова на 13 објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, а во пет случаи од страна на ДПИ и УЈП беше изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.