Премиерот Груевски на литургија во „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово

Христос се роди, навистина се роди. Нека е за многу години и нека денешниот празник ни носи здравје, повеќе успеси, нека ни носи повеќе работни места во државата, поголема благосостојба, поголема хармонија и меѓусебно разбирање, изјави премиерот Никола Груевски по божиќната литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

На одбележувањето на Божик во „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово присуствуваа повеќе верници од градот и околината. Покрај Груевски, таму беа и министерот за надворешни работи Никола Попоски со своето семејство и пратеничката од шестата изборна единица Светлана Карапетрова.

gruevski_bozik_g111

Со светата божествена архиерејска литургија чиноначалствуваше митрополитиот тетовско-гостиварски г. Јосиф заедно со повеќе свештеници од тетовското арихиерејско намесништво на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Божиќната порака ја прочита намесникот на тетовското намесништво, протојереј Дарко Наумовски.

gruevski_bozik_g222