Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус пет до два степена.
Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво време, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на температурите, а позначително затоплување ќе има во деновите од викендот.
Извор: Нет Прес