Собраниската Комисија за образование, наука и спорт го изгласа во второ читање целиот пакет закони за основно, средно и високо образование.
Комисијата разгледа околу 130 амандмани и ги одби сите. Најголемиот дел се однесуваа на предложените измени на Законот за високо образование.
Расправата во Комисијата почна вчера во 10 часот и со повеќе паузи заврши неколку часа по полноќ.
Извор: Нет Прес