Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“. Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани.
Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди односно повреди во пределот на левото колено и левата рака. Веднаш потоа избегал од местото на настанот.
По целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.