Вечерва започнуваат празнувањата за Богојавление – Водици

Со концерт на културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“.

Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на пунктовите од Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени парични средства кои ќе биде наменет за добротворни цели.

Во рамки на богојавленските празнувања, утре точно напладне во црквата св. Никола Геракомија е предавањето на кумството, а вечерта во 20:00 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ концерт ќе одржи Каролина Гочева.

Празнувањата за Богојавление – Водици продолжуваат и наредните три дена.