Денес ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“ во црквата Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16:00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

повеќе...

Свети литургии во сите парохиски цркви во Охрид за Водокрст

На 18-ти јануари (понеделеник), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во  7:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Пантелејмон“, светата златоустова литургија ќе биде со почеток во  8:00 часот.

повеќе...

Литургии по повод претстојните празници

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 18-ти декември (петок), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Нектариј Битолски и свети Сава Освештен“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 19ти декември (сабота), во црквата „Свети Никола“ – Ѓеракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Николај Мирликиски Чудотворец“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има…

повеќе...

Доделени 35 конзерваторски лиценци

Нови 35 лиценци за конзервација на движно и недвижно културно наследство им беа врачени денеска на стручни лица кои со тоа стекнаа право за непосредна заштита на предмети и објекти. Со нив, вкупниот број на лиценцирани козерватори достигна 47. Лиценците им ги врачи министерката Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека во изминатите години меѓу приоритетите на Владата и на Министерството за култура е ревитализација на културното наследство, истражување на голем број археолошки локалитети на кои беа пронајдени многубројни артефакти од различни епохи кои беа соодветно заштитени и презентирани пред јавноста. Таа…

повеќе...

Свети литургии по повод празникот Богојавление – Водици

Утре 18-ти јануари (недела), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. На 19-ти јануари (понеделник), на празникот Богојавление-Водици ќе се служи света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден. Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро. На 20-јануари (вторник), на празникот Собор на Свети Јован…

повеќе...