Во врска со денешното соопштение на Советничката група на СДСМ Дебрца, реакција испрати ЈП за комунална дејност, Општина Дебрца, во кое стои:
„Сакаме да ја информираме јавноста, а и советничката група на СДСМ Дебрца дека отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови на населени места во оние денови во кои е предвидена таа активост. Поради вондредните зимски услови во одредени населени места во повисоките делови со потешкотии се подига отпадот во овој период каде што отпадот не беше подигнат неколку денови, а не 20 денови како што известуваат со именуваната советничка група. За таа цел камионот поминува и во деновите од викендот со што би се овозможило да се нормализира состојбата во давањето на комуналната услуга.“-стои во реакцијата.