Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Магла со видловост до 50 метри има во Тетово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Делчево има зголемена фрекфенција на возила за влез во Македонија. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.