СДСМ Прилеп со традиционално пуштање гулаби по повод Богојавление-Водици

Општинската Организација на СДСМ од Прилеп традиционално го одбележува празникот Богојавление-Водици со симболичен чин на пуштање гулаби во црквата Св.Параклис во Прилеп.

Истовремено, секоја година претставници на СДСМ на овој голем христијански празник одат во посета на црквата Св.Богородица во село Ростуше и присуствуваат на традиционалното фрлање на крстот во реката Радика од страна на монасите од манастирот Св.Јован Бигорски.

Овој пат на чинот, покрај членот на ИО на СДСМ ,Хари Локвенец и Претседателот на ОО СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, присуствуваа и гости од сестринската социјадемократска партија СДП од Шведска и тоа, Стефан Факс – Политички секретар на СДП за регионот Јамтланд и Антон Хамар од Социјалдемократската младина на СДП и Заменик претседател на региналниот парламент во областа Јамтланд, Шведска.