Преку мерката за млади вработени 6126 вработени

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов присуствуваше на последниот Саем за вработување кој се одржа во Тетово, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

„Изминатиов период во текот на есента и зимата 2014 и еве сега со овој последен саем го заокружуваме првиот циклус на саеми за вработување кој што претставуцаат една нова активност на Агенцијата за вработување на Република Македонија која што е во насока на поттикнување на невработените лица активно да бараат работа, меѓутоа и олеснување на контактот на невработените лица со приватните компании, односно со компаниите кои имаат што слободни работни места кои бараат квалификувани работници со цел послесно да стапат во контакт со нив, да ги остават своите сивија, да се информираат за работните места кои што ги нудат приватните компании и коишто се на располагање и за кои што во моментот имаат отворени огласи, со единствена цел побрзо и полесно да стигнат до работа, а од друга странна преку овие саеми за вработување истите претствуаат одлична можност да се информираат приватните компании за активните мерки и политики кои што ги реализираме со АВРМ и МТСП кои што се дел одличните оперативни планови за активните мерки за вработување”,рече Спасов.

Тој најави дека на почетокот на месец февруари ќе започне со реализација и новиот Оперативен план за активните мерки за вработување за 2015 година, кој што ќе нуди навистина големи можности за вработување на невработените лица побрзо и послесно да стигнат до работа, меѓутоа и значително субвенционирање на приватните компании во насока на обезбедување на финансиски средства и стимулации за да отворат нови работни места.

„Исто така би сакал да информирам дека заклучно со денес преку реализиција на мерката за вработување на млади до 29 години за ослободување на социјални придонеси и персонален данок до сега од месец март 2014 година, за 10 месеци се вработени 6126 млади што е навистина голем успех за самата мерка која што беше е насочена на олеснување на отворањето на работни места пред се за младите лица во нашата држава и надминување на најголемиот предизвик со кој што се соочуваме.Можам да кажам дека оваа мерка која што е системски, која што е дел од законските решенија кои што ги донесовме како влада во март 2014 година, вродува и дава големи резултати и продолжуваме да реализираме и во 2015 година заклучно со средината на март 2016, кога и практично ќе заврши реализацијата на оваа мерка”, рече Спасов.

Тој посочи дека ги поттикнува сите работодавачи да се вклучат во искористувањето на овие поволности бидејќи поволностите се значително ослободување од социјални приднонеси и на данок во висина од 37% цели 12 месеци, со обврска да ги задржат младиот човек на работа дополнителни 12 месеци.