Сообраќајот на мостовите кај С. Миравци и Демир Капија на Р-1102 моментално не се одвива поради зголемените врнежи и има прелевање на вода на самите мостови. Сообраќајот ќе се нормализира со повлекувањето на водата од мостовите. Екипите на ЈП Македонијапат оспособија влез за с.Миравци од кај с.Удово.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата.
На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.