Кривична пријава за лице од Дебар поради инсталирање на нелиценциран софтвер

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(31) од Дебар.

Пријавениот, во текот на 2014 година на улицата „Атанас Илиќ“ во бизнис комплексот „Мимоза“ во Дебар, без регистрирана фирма и дејност, го отворил интернет клубот „Ајдини“ каде користел 10 компјутери.

Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите, констатирано е дека на два комјутери е инсталиран нелиценциран софтвер на Microsoft т.е. на оперативниот систем Windows XP, заштитен со патент од фирмата Microsoft. Со тоа, пријавениот фирмата ја оштетил во износ од 21.100,оо денари и противправно стекнал исто толкава парична имотна корист.

Доколку се користи лиценциран софтвер на Microsoft, за истиот треба да се поседува оригинал ДВД на кое е назначено за кој оперативен систем се однесува, да се поседува налепница која се става на надворешниот дел од куќиштето на компјутерот на која е назначено кој оперативен систем се користи и неговиот број. Тие податоци треба да се совпаѓаат со податоците од налепницата и оригиналниот ДВД. Пријавениот требало да поседува и набавна фактура за софтверот каде е наведено кој оперативен систем се користи и со кој број. Пријавениот Е.М. за двата компјутери не ги поседуваше наведените т.е. потребните ДВД, налепници и фактури за оперативниот систем Windows XP кој беше инсталиран и го користеше на комјутерите.