Премиерот Груевски упати честитка по повод празникот Свети Сава

Премиерот на Реоублика Македонија Никола Груевски упати честитка по повод празникот Свети Сава.

„Почитувани припадници на српската заедница во Република Македонија,

Дозволете ми во свое лично име и во името на Владата на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод празникот Свети Сава. Тој со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден.

Истовремено, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата.

Српската заедница претставува дел од нашето општество и со своите особености придонесува во зачувување на уникатноста на нашата држава и е активен учесник во процесите.

Ви посакувам добро расположение во текот на оваа Светосавска недела, убава домашна атмосфера и добро здравје, среќа и успех на сите припадници на српската заедница во Република Македонија.

Нека Ви е честит големиот празник !“– стои во честитката.