Пристигнаа ракометарите во Скопје

Откако ноќта ја поминаа на Истанбулскиот аеродром поради речиси тричасовно доцнење на летот од Доха до Истанбул, македонските ракометари утрово пристигнаа во Скопје. На скопскиот аеродром беа пречекани од мал дел спортски фанови и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Спасески им посака добредојде и им честиташе за големиот успех и освоеното 9-то место на Мундијалот во Катар, кој е најдобар наш пласман на светските првенства. Им порача дека Македонија е горда на нашите спортски херои и дека младите се поистоветуваат со нив и ги сметаат за свои спортски идоли.

Сега вниманието ќе биде насочено кон квалификациите за Европското првенство во Полска, од каде постојат сеуште шанси за обезбедување учество на квалификацискиот циклус за настап на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро во 2016 година.

Ams_rakomet_Skopje_2