Првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот м-р Зоран Поповски, заменик директорот Абдулезел Догани, \ во придружба на деканот на Факултетот за ветринарна медицина Дине Митре и професори од таму, денеска го посетија фармерот Шериф Лимани од кумановското село Сопот,во чие одгледувалиште од лисетриоза угинаа грла 250 овци.Целта на посетата беше согледување на состојбата на фармата по преземањето на преземените мерки за спречување на ширење на листериозата и за санирање на последиците.
Како што пренесува МИА, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповскипри посетата посочил дека по добивањето на резултатите и потврдувањето дека се работи за листериоза, на фармерот му биле наложени био-сигурносни мерки за заштита на останатите здрави грла.
„Истите се преземни и оние кои што даваат симптоми на листериоза, моментално се одовени и нивната ситуација фармерот ја следи. Останаа уште 33 грла кои даваат клинички знаци на листериоза. До овој момент има угинато околу 250 овци од вкупно 1.000 овци. Бидејќи, установено е дека причинетелот е самата храна силажата, која самиот фармер ја има припремано, дадена е наредба истата повеќе да не се кроисти и да се забрани секаква манипулација со силажата до понатамошни наши насоки да се консатира што понатаму како ќе се постапува со таа силажа,“ рече Поповски.
Деканот на Факултетот за Ветеринарна медицина Скопје,проф.др Дине Митров, објасни дека причинтелот за угинувањето е лисетриозата односно бактеријата за која посочи дека останува во нивната лабараторија да се доработи, до ниво на генотипизација.
Моментот кога ги дадовме резулатот, вели деканот Митров, Агенцијата за храна и ветеринарство ги презема сите активности во делот на контролни варијанти.
„Опасност не постои доколку приказната се задржи овде кај сопственикот“, вели деканот Митров.
Тоа истакна дека нема потреба од паника доколку се почитуваат, наредените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство и подвлече дека нема ширење на болеста кај самиот сопственик и дека и ситацијата на терен укажува дека состојбата е под контрола.
Фармерот Шериф Лимани, вели дека е задоволен и благодарен на соработката на институциите. Заболените грла се одвоени вели Лимани, додавајќи дека ги почитува мерките кои му се наложени и најавви дека и покрај угинувањето на грлата, ќе продолжи да се занимава со одгледување овци и кози.