Секторот за внатрешни работи Охрид, во 2014 година регистрира намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди како и на сообраќајните незгоди со потешки последици.
Минатата година, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај евидентирала 283 сообраќајни незгоди што претставува намалување за 20% во однос на 2013 година кога биле регистрирани 355 сообраќајни незгоди. Според аналитичките податоци, за 14% намален е и бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, од 152 сообраќајни незгоди во 2013 година на 130 во минатата 2014 година.
Во сообраќајните незгоди со потешки последици, во 2013 година имало 10 жртви, а лани 6 лица ги загубиле животите. Од нив 3 лица биле возачи на патнички моторни возила, 2 биле сопатници, а еден бил велосипедист. Со тешки телесни повреди лани се здобиле 30 лица (37 лица во 2013 година).
Според место на случување, лани во градот се случиле 89 сообраќајни незгоди со потешки последици (98 во 2013) додека надвор од градот 41 (54 во 2013).
На патниот правец Охрид-Кичево, лани имало 19 сообраќајни незгоди со потешки последици (18 во 2013), на патниот правец Охрид-Свети Наум лани 12 сообраќајни незгоди (15 во 2013), на патниот правец Охрид-Ресен лани 3 (13 во 2013). На патниот правец Охрид-Струга лани се случиле 7 сообраќајни незгоди со потешки последици (8 во 2013). Најчести причини за случените сообраќајни незгоди со потешки последици се јавуваат: неприлагодената брзина, недржење страна и правец на движење, непочитување правила на првенство на минување и управување под дејство на алкохол.
Во текот на 2014 година поднесени се вкупно 2827 барања за поведување на прекршочна постапка (3152 во 2013), против 2860 (3245 во 2013) учесници за сторени 2942 (3501 во 2013) прекршоци. Во текот на 2014 година издадени се вкупно 2245 платни налози (2398 во 2013), наплатени се 371 (292 во 2013). Во 2014 година, на 2486 лица (1754 во 2013), регистрирани им се негативни поени во возачка книшка. Во 2014 година, од сообраќај исклучени се 443 возила (447 во 2013), 780 возачи (677 во 2013), контролирани се 29434 возачи и возила (25859 во 2013) времено се одземени 279 возачки дозволи (319 во 2013), алкотестирани се 2483 лица (2200 во 2013), земено крв и урина во 72 случаи (39 во 2013).
Во текот на 2014 година, спроведени беа 30 републички (35 во 2013) и 20 локални акциски контроли (8 во 2013).
СВР Охрид и годинава активно ќе работи кон постигнување на поволна безбедносна состојба во патниот сообраќај со цел понатамошно намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Мерките ќе бидат насочени пред се на превентивен план но и доследна примена на законските овластувања. Предвидени се проектни сообраќајни активности кон сите учесници во сообраќајот за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и подигнување на степенот на безбедносната култура.