Груевски: Заев со гордост зборуваше дека соработува со странска разузнавачка служба

Го гледав и го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост, самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел.

Ова е дел од денешното обраќање до граѓаните на премиерот Никола Груевски по полициската акција „Пуч“, во чии рамки се поднесени кривични пријави за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за четири осомничени лица, од кои еден е претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби. Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази“, истакна премиерот Никола Груевски.