Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело – “Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193 ст.3 в.в. ст.2 од КЗ на РМ, кој во текот на месец ноември 2014 година, преку неговиот лаптоп компјутер набавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на неговиот компјутерот.
Имено, на 22.01.2015 година постапувајќи по Наредба за претрес на дом и други простории издадена од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во домот на неговиот татко при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело или преку кои што е сторено делото и тоа преносен лаптоп компјутер марка „DELL“. Со цел да се утврди содржината на мемориските медиуми издадена е Наредба од Јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Скопје за анализа.
По извршената анализа на одземениот лаптоп компјутер пронајдени се две видеа како и 16 фотографии со содржина од детска порнографија. Едно од видеата е превземено на ден 14.11.2014 година при меѓусебна скајп комуникација со скајп профил кој користел ИП адреса со локација во Софија, Р.Бугарија, а како примач е скајп профилот на пријавениот со профил „goran.verushevski“ кој во тој момент користел ИП адреса со локација во Солун, Р.Грција, за време на неговиот престој во Р.Грција каде е на студии.
Со горенаведените постапки и обезбедени докази пријавениот се товари дека го сторил кривичното дело “Производство и дистрибуција на детска порнографија “ по член 193 ст.3 вв ст.2 од КЗ на РМ. Во моментот лицето не е достапно на органите на прогонот, а МВР на РМ ќе преземе мерки за негово обезбедување, како и размена на информации со МВР на Р.Бугарија и Интерпол за целосно расчистување на случајот.