Од Синдикалната организација при Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ известуваат дека на состанокот на Синдикалната организација, се донесе одлука, почнувајќи од 2-ри февруари понеделник, вработените во училиштето да се приклучат кон генералниот штрајк во образованието во организација на СОНК.
За таа цел формиран е штрајкувачки одбор кој до директорот достави известување со барање да се обебедат соодветните услови за остварување на правото на штрајк на вработените.