Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 102.4

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.9%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.9%) и Стручни, научни и технички дејности (6.9%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (11.0%), Градежништво (4.7%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.9%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2014 изнесува 31 644 денари.

Во ноември 2014 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.