Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.
Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.
Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи од снег има во западниот дел од државата.