Започнаа изборните активности за нови раководства во ЗП Охрид и Дебрца

Оваа недела започнаа изборните активности за нови раководства на Месните ограноци и органите и телата на Здружението на пезнионерите од општините Охрид и Дебрца.Изборните активности започнаа на 26 јануари и треба да завршат до 24 февруари во сите 21-ен Месен огранок, за мандатниот период од 2015 до 2019 година. На изборните собири пензионерите ќе бидат информирани за активноста на ЗП во изминатите четири години,и предлагање и избор на преставници на Месните ограноци и преставници во Собранието и можни кандидати за другите органи и тела на здружението.Конститутивната седница на Собранието кое ќе брои 31 член, е закажана за 25 февруари,по што ќе следи и избор на нов Извршен одбор од 11 членови наместо досегашните 15 членови, и избор на комисии од по три члена.

Според препораките на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија во изборната постапка пожелно е да бидат избрани најдобрите активисти во Месните ограноци,потоа запазен да е континуитетот во работата,а посебно да се води сметка и за половата и етничката застапеност во раководствата на Месните ограноци и во другите органи на Собранието и Извршниот одбор.

Како што информираат од Здружението на пензионерите првиот изборен состанок веќе е закажан за утре ( недела ) први февруари во 11 часот во просториите на дирекцијата на комплексот „Гица-Златно јајце“ во Месниот огранок „Железничка населба“ кој ги опфаќа улиците Крали Марко, Железничка, Осми март, Прилепска, Будва, Винковачка, Егејска и Кленоец.

По информирањето и расправата за активноста на Месниот огранок ,,Железничка,, и на Здружението на пензионерите во четири-годишен период, ќе биде избрано ново раководство на Месниот огранок, а ќе бидат предложени и нови преставници во органите и телата на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебца.