Водата во Охрид е со добар квалитет со исклучок во населбата „Лескајца“

Водата во Охрид и околните населени места кои се под охридскиот водоснабдителен систем е со добар квалитет и е хемиско-бактеролошки исправна. Исклучок се објектите детска градинка „Јасна Ристеска“ во населбата „Лескајца“ и ОУ „Братство-Единство“ каде што поради интервенција на водоводната линија се појави матност на водата. Поради тоа, потребно е пред употреба истата да истече одредено време.

Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид се на терен и ја следат состојбата на водата во тие места заедно со екипите на Центар за јавно здравје.