Лоциран и приведен Ф.А. првоосомничениот од полициската акција „Чекан“

Утринава во Гостивар од страна на припадници на специјалните полициски единици беше приведен Ф.А. (49), првоосомничен во полициската акција „Чекан“ реализирана пред околу два месеци.

Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија изминатиов период МВР направи дополнителни проверки и го лоцираше осомничениот, и беше изготвен план за негово приведување кој што беше реализиран утринава. Заради сомненијата дека станува збор за опасно лице беа ангажирани поголем број полициски службеници кои влегоа во објектот и без поголеми проблеми или ризик по нивните животи или животот на осомничениот, истиот беше обезбеден и спроведен во Истражниот затвор “Скопје“.

При спроведување на судска наредба за претрес на дом и други простории, пронајдени и со потврда за одземени предмети од лицето Ф. А. одземени се околу 2.115 евра, околу 400 долари, околу 10 швајцарски франци, околу 12.140 денари, 1 пиштол, 7 куршуми, 2 мобилни телефони повеќе СИМ картички и 1 актовка со повеќе документи која е запечатена и истата дополнително ќе се проверува

По него се трагаше околу два месеци, откако Ф.А. успеа да избега непосредно по спроведувањето на послчедната фаза од акцијата “Чекан“, по што по него се трагаше и со потерница издадена од надлежниот суд.

Инаку како што МВР претходно информираше во акцијата “Чекан“ насочена за сузбивање на организирана криминална група која ги вршела кривичните дела – “злосторничко здружување“, “изнуда“, “лихварство“ и “перење пари и други приноси од казниво дело“, а дејствувала на подрачјето на западна Македонија. кривични пријави беа поднесени против 19 лица од кои 18 од Гостивар и едно лице од Скопје, меѓу кои првоосмничен и организатор на групата е токму Ф.А. Меѓу осомничени беа и четири адвокати и еден извршител, а кривична пријава беше поднесена и против правно лице чии што сопственик и управител била сопругата на Ф.А.

Во периодот од 2008 година наваму групата делувала претежно на територијата на општина Гостивар, и преку финансиска анализа беше утврди дека првопријавениот, како главен организатор на криминланата група, успеал да пушти во оптек вкупно 862 298 евра пари “заработени“ на нелегален начин односно со “лихварство“. Исто така и при претресот во завршната фаза од акцијата беа запленети денарски и девизни средства (над 43.000 евра и над 12.000 швајцарски франци), дваесетина ПМВ, мобилни телефони, оружје, муниција и друго.