Младите од охридската гимназија организатори на хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија

Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија.

Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење. Во оваа акција се приклучија и наставниците кои исто така донираа средства за помош, но и организирано се донираа парични средства на телефонските броеви наменети за хуманитарната акција. Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места.

„Се надеваме дека оваа акција на младите хуманисти од нашето училиште, ќе биде поддржана и од другите училишта и институции во градот.“– велат од ОСУ „Св.Климент Охридски“.

GimnazijaHumanitarnaAkcijaPoplavi02