Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2015 година, во споредба со декември 2014 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.2%.