Од утре не очекува заладување и снег

Од утре, особено во западните делови на земјава се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

Кон крајот на денот под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, а повремено и силен северен ветер, кој во наредните денови ќе предизвика значителен пад на температурите, информираат од  УХМР.

Како што велат од УХМР, особено силен ветерот се очекува во понеделник, кога брзината ќе достигне и над 80 километри на час.

Во понеделник и среда ќе има и повремени слаби врнежи од снег.

Утринската температура најниска ќе биде во среда кога се очекува да се спушти од -12 до -3, а дневната до среда ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.