Во просториите на општина Охрид, утре, со почеток во 12 часот ќе се одржи инфо ден на кој Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги презентира програмите на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014 – 2020“, како и иницијативите на ЕУ „Еуропас“ и „Евридика“. Во рамки на инфо денот ќе бидат истакнати детали од успешно спроведените проекти досега. Настанот е од отворен карактер и сите присутни ќе имаат шанса да се вклучат со свои идеи.
Преку имплементацијата на „Еразмус плус“ програмата ќе се обезбеди огромна поддршка на образованието, обуката, младите и спортот, како и личен и професионален развој на сите учесници во сферата на образованието и младите и спортот.