Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон.

Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија.

„На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната“, информира Министерството.