Претседателот Иванов се сретна со Сер Ендру Бурнс, Претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Сер Ендру Бурнс, Претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот и пратеник на Обединетото Кралство за прашања за Холокаустот.

Претседателот Иванов беше запознаен со работата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот, во чија работа учествуваат 31 земја-членка и 5 земји-набљудувачи, вклучувајќи ја Република Македонија.

На средбата претседателот Иванов го истакна големото значење што Република Македонија го придава на Еврејската заедница, како и посебното внимание што се посветува за зачувување на споменот на македонските Евреи кои беа жртви на Холокаустот. Во тој контекст, претседателот Иванов посочи на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје.

Претседателот Иванов на средбата со г. Бурнс посочи дека почитта кон Еврејската заедница во Република Македонија е во духот на нашата традиција и во духот на македонскиот модел на интеграција без асимилација.

burns01