Кандидатот за пратеник на СДСМ Охрид, Ѓоко Танасоски, денешната прес конференција ја започна со одговор на текстот објавен во локалните медиуми, за тоа дека СДСМ не им ја честитал победата на Иванов и ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори. Танасоски рече победа се честита кога е освоена во фер борба.
„Во име на прогресивни идеи, кога е постигната на чесен начин, кога има почит меѓу спротиставените страни за ставовите и правата и на неистомислениците. Но секако не, ако голем дел од нив лесно се откажале од своето мислење заради полтронство, се откажажале од сопствените идеали заради лична корист, го напуштиле својот личен став заради партиско идолопоклонство, го продале својот глас за ситен бенефит или функција, зависно од тоа дали на нечија листа се обележани како граѓани од прв или втор ред, како патриоти или предавници, како наши или ваши. Наспроти тоа, на претседателските избори на 13 ти април, над 320 000 граѓани се изјасниле за промени. Тоа се луѓето кои прават разлика и затоа сакаат промени. Тие се победниците на изборите, зошто не го продадоа своето достоинство, храбро застанаа зад своите принципи и и кажаа не на власта. Затоа, од срце им честитам на сите храбри луѓе и на сите оние што направиле избор според СВОИТЕ лични убедувања, а останатите кога тогаш ќе треба, барем пред себе да ја понесат одговорноста за направениот избор.“– рече Танасоски.
Танасоски рече иако, пред секои избори владеачката гарнитура на ВМРО ДПМНЕ и нејзините гласноговорници сакале да ни прикажат една успешна приказна за животот во Македонија, наспроти реалноста во која живееме, СДСМ, претставувала политичка понуда која не е празна реторика туку чесен, реален добро осмислен и остварлив концепт за подобрување на животниот стандард и враќање на демократските општествени вредности кои ќе и овозможат европска, просперитетната иднина на Македонија.
„И додека актуелната влада спроведува политика на „сиромашен и исплашен народ а силна држава“, ние сметаме дека политиката „богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“. Изборните програми и отчети на ВМРО ДПМНЕ навистина се напишани на стотици страни, во нив се предложени стотици проекти со кои се фалат гласноговорниците по митинзи, ама сите ние знаеме колку навистина од тие ветувања се реализирани во реалниот живот: почнувајќи од стотиците километри автопати кои еве само што не започнале со изградба, стотиците странски ивеститори кои само што не почнале да доаѓаат во државава, мега аферите кои станаа синоним за грубо кршење на законите, сериозните сомневања за корупција и перење на пари во која се вклучени високи функционери од власта, расипничкото и мегаломанско трошење на парите на даночните обврзници за непродуктивни намени, од кои граѓаните немат никаков бенефит, преплатените “проекти”, со кои под превезот на ” градење на идентитетот”, се крие злоупотреба на буџетските средства и сериозни сомневања за корупција на високо ниво.“– истакна Танасоски.
Танасоски рече дека платформата на која се темели политичка програма на СДСМ, поаѓа од предизвиците со кои се соочува државата, и нуди реални, остварливи концепти кои можат да донесат позитивни промени за нов почеток а се темелат на следните мерки.
„Враќање на парите на граѓаните
· Враќање на 15% од ДДВ на секој граѓанин
Оваа мерка значи дека,на секој граѓанин (т.е. на секој краен потрошувач) ќе му се враќаат 15% од платениот ДДВ. Со враќање на 15% од платениот ДДВ, секоја годинана граѓаните ќе им бидат дадени дополнителни 8 милијарди денари (над 130 милиони евра). По плаќањето/враќањето на целокупниот износ на граѓаните, во буџетот на РМ ќе останат речиси 1 милијарда денари (над 13 милиони евра) повеќе од претходно заради намалувалување на даночната евазија.
· Праведни даноци –намалување на персоналниот данок од 10% на 9%
Постојниот даночен систем во нашата држава делува во корист на најбогатите граѓани, а на штета на сите останати. Граѓанин со минимална плата, плаќа персонален данок по иста даночна стапка како и граѓанин со стопати повисока плата. Ова не е праведно. Тоа е ставот и на огромното мнозинство наши граѓани. Идната влада на СДСМ тоа ќе го промени. Новиот даночен систем ќе обезбедува поголема праведност во распределбата на доходот и богатството: повисок данок за најбогатите, а намалување на данокот за сите останати (место 10% ќе биде 9%).
· Праведен данок на имот – Колку имот, толку данок
Данокот на имот ќе зависи од големината на имотот: за помалку имот ќе се плаќа помалку (0,05%), за повеќе – поголема стапка (0,1% или 0,15% или 0,3%).
· 0% персонален данок за земјоделците
Мерки во однос на корисниците на социјална помош- помали давачки а побогата живеачка,
· 40% повисока социјална помош и обврска за државните институции за бесплатно обезбедување на целокупната документација за остварување на правата по однос на социјална заштита. Корисниците на социјална парична помош и постојана парична помош ќе ги ослободиме од плаќање на радиодифузна такса;
Спроведување превентивна наместо репресивна казнена политика –
· Прво опомена за сторен прекршок, па само при негово повторување – казна;
· Износот на казни/глоби ќе го намалиме за најмалку 50%. Во најголем број од случаите, тој ќе биде фиксно определен за да се елиминира дискреционоста и можната корупција;
· скалест пристап во казнената политика: помалите фирми да плаќаат помали глоби;
· Принципот „прво опомена“ ќе важи и за присилната наплата на долг. Со тоа ќе се зачува финансиската дисциплина, но и ќе се избегне блокирањето на сметките на даночните обврзници.
· Еднакви можности за домашните и странските инвеститори
· Стимулации и гаранции за мали претпријатија
· Македонска мрежа на бизнис инкубатори
· 30% помал данок на добивка за вложување во образование,спорт, наука и култура
Крај на грабежот и нови можности за развој
· Повисока минимална плата
· Мерки за вработување на жени
· Мерки за системско уредување на пазарот на работна сила
Подобар и правичен пензиски систем кој ги опфаќа следните мерки: државна социјална пензија за необезбедените и усогласување на пензиите на секои три месеци.“– рече Танасоски.
Танасоски рече дека тие ќе воведеле можност за заминување во пензија по два основа: (1) возраст (постојно решение) и (2) работен стаж (ново, дополнително решение).
„По 35 години работен стаж (за жени) или 40 години (за мажи) граѓанинот сам ќе може да одлучи дали да замине во пензија и пред навршување на 62 односно 64 години; На оние лица на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за да стекнат право на пензија, ќе им овозможиме да извршат докуп на стажот; На лицата што нема да извршат докуп на стаж и не се корисници на каква било парична помош од државата, идната влада ќе им даде државна социјална пензија. Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија.
подобри шанси за младите
· субвенции за вработување млади до 29 години
· поект ,, гаранција за млади,, . Тоа е комплексен проект кој ќе овозможи секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг за подготовка за вработување, во период од четири месеци, после завршување на школувањето, или станување на невработен. Секако ова се само дел од мерките, од нашата програма кои ќе овозможат еднаквост на можностите, социјална правда и солидарност, општествен дијалог, слобода и еднаквост пред законот.“ заврши Танасоски.
WebOhrid