Репрезентацијата на Македонија забележа пад од три места и се наоѓа на 104 место според најновата ФИФА рејтинг листа.
На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа водечката тројка Германија, Аргентина и Колумбија.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Екваторска Гвинеја, со скок од +69 места се најде на 49 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Либија од -35 места и се најде на 113 место.
WebOhrid