Во текот на неделата во Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се спроведуваше хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Источна Македонија.
Акцијата се спроведуваше од 9-ти до денес (13-ти) февруари. Сите ученици се вклучија во донирањето (вода, конзервирани продукти, средства за хигиена ид др) при што денеска беа предадени до Црвениот крст – Охрид.