Светиот маченик Трифун

Денес е празник посветен на Светиот маченик Трифун.

Светецот Трифун е роден во Кампсада во Фригија (мала Азија), во сиромашно семјство. Уште како дете, чувал гуски, а кај него евидентна била исцелителната моќ над луѓето, додека благопријатно било неговото влијание и на животните, кои во моментите на бес знаел да ги смири. Во тогашното Римско царство успеал да ја исцелува ќерката на императорот, Гордијана, која патела од психолошки растројства, поради што Трифун бил богато награден од нејзиниот татко Гордијан, за потоа сите подароци да им ги подели на сиромашните. Подоцна Трифун западнал во немилост во рацете на царот Декиј, кој поради неговата верба во бога свирепо го малтретирал и измачувал. За цело време Трифун се молел да заврши во оган и маки во името на Исус Христос. На крајот мачителите му пресудиле смрт со меч, по што Трифун се помолил на Господ Бог и починал.

Кај нас овој светител се смета за заштитник на виновата лоза и градините, па на овој ден се врши закројување на лозјата за богата и квалитетна берба, а истовремено заштита од несреќи и разноразни штети на насадите во Кавадаречко, Неготино и останатите вински региони во земјава. Во чест на овој ден во нашите познати вински региони се организираат вечери на серенада и вино, со дегустација на нашите и интернационалните вински брендови.  

Истиот датум го дели и католичкиот празник Свети Валентин, како ден на љубовта и приврзаноста на интимните партнери. Постојат три ранохристијански маченици со името Свети Валентин. Првиот, вљубеникот од Рим е свештеник во Рим кој бил маченик околу 269 год.п.н.е. и е спален на патот Фламина. Неговите остатоци се во црквата свети Пракс во Рим и на улицата Уајтфрајар во црквата Кармелајт во Даблин, Ирска.

Вториот, вљубеникот од Терни е епископ на Интерамна (модерно Терни) околу 197 год.п.н.е. и се вели дека е мачен за време на прогонот под императорот Аурелијан. Тој е исто така спален на патот Фламина. Неговите остатоци се во Базиликата на Свети Валентин од Терни (Basilica di San Valentino).

Постои и трет  светец наречен Валентин кој се споменува како  ранохристијански маченик на датата на 14 Февруари. Тој бил мачен во Африка, но нема повеќе детали за него.

Традиционално на овој ден на саканата (саканиот) се подарува цвеќиња, слатки производи и.т.н. љубовни картички со најубави желби за избраникот (избраничката). Денешните модерни симболи на Денот на вљубените се заоблени срца, гулаби и фигурата на крилестиот Купидон.

Како и да е, дали некој повеќе милува да го празнува Свети Валентин или пак Свети Трифун, во секој случај не заборавајте да земете чаша вино и да наздравите во име на љубовта спрема вашите блиски и се разбира  на личноста што најмногу ја сакате.

WebOhrid