Од утре екстерно тестирање за трета и четврта година

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека од утре-понеделник, ќе се спроведе екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, кои не беа тестирани во периодот од 26 до 30 јануари.

Тестирањата ќе се реализираат согласно објавените распореди на интернет страницата: prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Резултатите ќе бидат објавени на 23.2.2015 година.