Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6 363 706 илјади денари што е за 27.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 994 215 илјади денари што е за 48.0% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска, Швајцарија и Србија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.

Вредносните податоци за периодот јануари-декември 2014/2013 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 44.63 денари.