Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на институциите од областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика“ од ИПА програмата за 2009 година, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати водич за новите правила на означување на храната во Европската унија. Водичот е објавен на Македонски и Албански јазик и е наменет за операторите со храна кои извезуваат на европскиот пазар за да им помогне подобро да ги разберат новините во означувањето кои во ЕУ стапија на сила на 13 декември минатата година.
Основна цел на водичот е да им даде насоки на операторите со храна за начинот на обезбедување на информации за храната на потрошувачите и тоа на транспарентен начин, во согласност со националните законски правила кои треба целосно да се усогласат со правилата кои се применуваат во Европската унија.
Водичот на Македонски јазик можете да го преземете ТУКА
Водичот на Албански јазик можете да го преземете ТУКА