Градоначалникот Никола Бакрачески денеска имаше работна средба со новоназначениот началник на СВР Охрид, Оливер Ефтимов и неговите соработници. На средбата беше истакната досегашната одлична соработка на локалната самоуправа и полицијата, со уверување дека таа ќе продолжи и во иднина. Градоначалникот Бакрачески ја истакна важноста што општина Охрид и нејзините служби ја придаваат во унапредување на комуникацијата и координацијата на активностите на локалната самоуправа и СВР Охрид, се со цел за поголема безбедност на граѓаните и гостите кои престојуваат во Охрид.
Во таа насока беше истакното дека и во иднина ќе продолжат најразличните форми на соработка за подигање на јавната свест кај граѓаните за побезбеден и пофункционален град.
Началникот Ефтимов, кој на функцијата доаѓа како докажан професионалец од редовите на МВР, изрази увереност дека полицијата е подготвена во иднина, уште поуспешно да одговори на безбедносните предизвици и да ја подобри соработката со Локалната самоуправа.