Членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одиграат „Македонска крвава свадба“

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, сите почитувачи и љубители на театарот и добрата театарска претстава, ги кани на претставата „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ што ќе се игра утре, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Претставата е со почеток во 19:00 часот. Истата ја подготвија и ќе ја играат членови на УМС. Влезот е слободен.