Рестрикции во водоснабдувањето во општина Дебрца

Од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелираат до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби.

„Принудени сме да воведиме рестрикции за следниве денови во следните населени места: денес вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље, утре  вода ќе има во Горенци, во недела вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље и во понеделник вода ќе има во Горенци. Овој редослед ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата.“ – информираат од ЈПК „Дебрца“.